Жоао Феликс: Целта на Челзи сезонава е да ја освои Лигата на шампионите!

Португалското крило Жоао Феликс, во интервју за англиски медиум истакна дека е среќен во Челзи, каде игра како позајмен од Атлетико Мадрид.

„Додека бев во Атлетико, за три и пол години навивачите не ниту еднаш не го скандираа моето име, а во Челзи од прв ден смислија песна посветена на мене. Во Атлетико не можев да се навикнам на стилот на игра, а во Челзи имам поголема слобода. Главната цел на Челзи сезонава е да ја освои Лигата на шампионите“ – вели Феликс.

- Оглас -

Најнови вести