Жоао Марио го налути шампионот на Португалија со преселбата во градскиот ривал

Бенфика го претстави Жоао Марио како големо засилување во пресрет на новата сезона, кој на „Да Луж“ пристигна без отштета откако го раскина договорот со Интер. Португалскиот репрезентативец стави потпис на петгодишна соработка со гигантот од Лисабон, а потегот да го раскине договорот со Интер го налути актулениот првак на Португалија.

Имено, Интер требаше да му плати 30 милиони евра на Спортинг според клаузулата ставена во трансферот на Марио од 2016 година доколку тој биде продаден на португалски клуб. Поради тоа, Марио и Интер се согласија да стават крај на соработката, па играчот за врска стана бесплатна аквизиција на Бенфика.

Неговиот ангажман на „Џузепе Меаца“ вреден 40 милиони евра пред пет години се покажа како лоша инвестиција, па Марио одеше на позајмици во Вест хем, Локомотив Москва пред лани да се врати во Спортинг. На својот матичен клуб му помогна да ја освои титулата во Примеира по 19 години пауза, но со овој потег повеќе не им е омилен на фановите на Спортинг.

https://twitter.com/SLBenfica/status/1414864676354248708

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести