Централниот дефанзивец Жоел Матип, официјално објави крај на фудбалската кариера.
Претходните осум сезони тој го носеше дресот на Црвените од Ливерпул, еден од само двата клуба за кои што играше. Пред да замине во Ливерпул во 2016 година, Матип седум години играше за Шалке 04.
Повредата на предните вкрстени лигаменти добиена минатиот декември го спречи повторно да игра за клубот.
Матип и навивачите на „Енфилд“ се збогуваа на последниот меч од минатата сезона, а тој сега потврди дека неговата играчка кариера е завршена.
Матип беше клучна фигура во Ливерпул во текот на владеењето на Јирген Клоп како менаџер, помагајќи да се освои титулата во Лигата на шампионите во 2019 година со асистенција за Дивок Ориги во финалето на Мадрид против Тотенхем.
За селекцијата на Камерун, Матип имаше 27 настапи, играше на две светски првенства и постигна еден гол.