Њукасл приреди уште едно изненадување во третото коло од Премиер лигата со гостинскиот триумф од 1-0 против Тотенхем. За избраниците на Маурисио Покетино ова е прв пораз во новата сезона, а по три меча сега имаат вкупно четири бода од максимални девет.
На Петлите им пресуди рекордното засилување на Њукасл, Бразилецот Жоелинтон, кој во 27-та минута го постигна првенецот за својот нов тим. Иако домаќините притискаа за израмнувачки погодок, пропуштија голем број на шанси и не успеаја во обидот да го совладаат расположениот Дубравка.
https://twitter.com/STREQM1/status/1165655287975596032
Во вториот меч кој започна во 17:30 часот, Вулверхемптон се спаси од пораз против Барнли во судиското надополнување, откако Раул Хименес беше прецизен од белата точка за конечни 1-1.