19.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Жолт картон за бакнеж во нос на Барнли-Кардиф (Видео)

Барнли ги совлада Кардиф со 2-0 во меч од Премиерлигата, кој ќе се памети по еден необичен потег при крајот на првото полувреме. Ешли Барнс од Барнли, се скара со Џо Бенет од Кардиф, па за да ја смири ситуацијата, или можеби за да предизвика реакција и да добие удар по што противникот би бил исклучен, го бакна ривалот, и тоа во нос.

Судијата Мајк Дин на двајцата им додели жолти картони – на Бенет за фаулот, на Барнс за бакнежот. Ако го бакнеше двапати, можеби ќе добиеше и два жолти, па ќе беше исклучен.

Погледнете ја ситуацијата:

- Оглас -

Најнови вести