Жолта опасност го напаѓа Јувентус пред дербито со Интер

Јувентус влезе во одлична форма и има шест победи по ред и полека но сигурно се приклучува во трката за титулата во Серија А. Освен во првенството, Старата дама е на добар пат за освојување на трофејот во Купот затоа што се наоѓа пред пласман во финалето.

По првиот меч од полуфиналниот двобој со Интер, Старата дама има предност од 2:1 и утре игра на свој терен за да го потврди местото во финалето. Најголем проблем за гигантот од Торино е тоа што голем број фудбалери се под опасност да добијат втор жолт картон, а со тоа да добијат и суспензија.

Кристијано Роналдо, Алваро Мората, Федерико Киеза, Родриго Бентекур, Матајс де Лихт, Мерих Демирел, Артур Мело, Адриен Рабио, Федерико Бернардески и Алек Сандро се играчите кои се под закана за суспензија ако утре добијат жолт картон.

Во Купот на Италија суспензијата се активира по два жолти картони, додека во Серија А се паузира еден меч по пет добиени жолти картони.

 

- Оглас -

Најнови вести