Жолтата подморница брзо потона на „Камп ноу“, Барселона го повтори подвигот со П’лзењ (Видео)

Два брзи и одлични голови на Роберт Левандовски и еден со петица на Ансу Фати ѝ донесоа огромна предност од 3:0 на Барселона против Вилјареал по првото полувреме во дербито од десетто коло во Ла Лига.

Популарниот Лева погоди во 31-вата и во 35-тата минута, а комплетно тонење на Жолтата подморница во рок од само 7 минути се случи со необичниот гол на Ансу Фати во 38-мата минута.

Левандовски со двата гола во првото полувреме денеска веќе стигна до 11 погодоци во дресот на Барса во 10 кола, што е топ-просек од над еден гол во деби сезоната за него во Ла Лига.

Барселона постигна 3 гола во прво полувреме сезонава само уште на мечот со П’лзењ во првото коло од Лигата на шампионите, а и тогаш Лева даде два гола во првото полувреме во победата од 5:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести