Вилјареал ја прекина серијата од четири меча без победа и славеше на жешкиот терен во Севилја со 2:1.
На „Санчес Писхуан“ домаќините очекуваа да победат во битката за врвот на табелата, но Жолтата подморница исплови од Андалузија со бодовите.
Раул Албиол погоди во 15-тата минута, а Мунир Ел Хадади со гол во 62-рата минута најави пресврт на Севилја, кој сепак не се случи.
Напротив, гостите повторно поведоа во 74-тата минута со голот на Екамби, што испадна и победнички. Севилја пропушти шанса да му се приклучи на Реал Мадрид на второто место и остана на 31 бод, четири помалку од лидерот Барселона и три од Кралскиот клуб, кој има меч за одигрување, вечерва на „Месталја“ со Валенсија.