Жолтата подморница ја прекина серијата порази, со пресврт славеше над Хетафе

Фудбалерите на Вилјареал го совладаа Хетафе со 2:1 во последниот натпревар од 23-тото коло во Ла Лига.

Жолтата подморница со победата ја прекина серијата од четири порази по ред, а до триумфот дојде со пресврт.

Хетафе во деветтата минута поведе со 0:1 со голот на Унал, но Чуквуезе пред крајот на првиот дел успеа да погоди за израмнување. Голот вреден три бода и прекин на црната серија го постигна Хосе Луис Моралес во 52-рата минута, и тоа по асистенција на Чуквуезе.

Вилјареал сега е седми со 34 бода, колку што има и Рајо Валјекано, додека Хетафе е претпоследен на табелата со 22 освоени бода, два помалку од безбедната зона.

- Оглас -

Најнови вести