Искусниот португалски стратег Жорже Жесус (70) ќе ја преземе клупата на саудискиот гигант Ал-Наср. Жесус е познат по своето богато тренерско портфолио и успеси со клубови како Брага, Бенфика, Спортинг Лисабон, Фламенго и Фенербахче.
Последен пат работеше во Саудиска Арабија, како тренер на Ал-Хилал, каде освои дури пет трофеи, меѓу кои и шампионската титула во сезоната 2023/24. Под негово водство, Ал-Хилал го имаше најдоминантниот настап во историјата на лигата.
Жорге Жесус беше и меѓу кандидатите за селектор на Бразил, но федерацијата на крајот се одлучи за Карло Анчелоти.
Со неговото доаѓање во Ал-Наср, клубот најавува сериозен атак на трофеи во новата сезона, каде што Жесус ќе има можност да работи и со ѕвезда како Кристијано Роналдо.