14.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Жоргињо направи нешто што не му успеало на никој претходно во Премиер лигата

Челзи ја задржа челната позиција во Премиер лигата, откако со 3:0 победи на гости кај Њукасл. Лондонскиот тим дури во второто полувреме го скрши отпорот на домаќинот. Џејмс постигна два гола, во 65 и 77 минута, а во 81 минута конечниот резултат го постави Жоргињо од пенал.

Со овој погоден пенал, играчот на Челзи влезе во историјата на Премиер лигата. Жоргињо е првиот фудбалер кој 10 гола по ред има постигнато од пенал. Едноставно италијанскиот репрезентативец кој е роден во Бразил, е специјалист за изведување на пенали.

- Оглас -

Најнови вести