Репрезентативецот на Италија, но роден Бразилец, Жоржињо, по две и пол години си заминува од Арсенал откако му истече договорот. Триесет и четиригодишниот фудбалер зимата 2023 година од Челзи се пресели во редовите на Топчиите за сума од 11,3 милиони евра, а сега си оди како слободен фудбалер.
„Кога дојдов во Арсенал, не дојдов само во клуб, дојдов во едно семејство, многу страствено. Секој ден давав сè од себе, на секој натпревар. Не само поради резултатите, туку и поради дресот на овој клуб и навивачите. Кога започнував натпревари, кога влегував, дури и кога бев само на клупата, вие направивте да се чувствувам ценето и сакано. Ова е реткост во фудбалот и затоа никогаш нема да ве заборавам“, напиша Жоржињо.
Жоржињо по пауза од 18 години се враќа во својата родна земја Бразил и ќе потпише тригодишен договор со Фламенго, па ќе може да го гледаме и на Светското клупско првенство во САД.