Бенфика е заинтересирана за македонскиот репрезентативен фудбалер Елиф Елмас. Ова беше откриено во емисија на португалската телевизија „ТВИ24“. Беше спомнато дека Бенфика сака во уште јануари да го донесе Елмас на позајмица, а потоа ако има пари, да го откупи неговиот договор.
Наполи нема шанса да го продаде Елмас за помалку од 16 милиони евра, колку што му плати на Фенербахче за Дијамантот. Договорот со италијанскиот клуб му е до 2025-та година, и тој може да биде раскинат ако Бенфика плати 20-тина милиони евра.
Тренерот на Бенфика, харизматичниот 66-годишен Жорже Жесус, исклучително ги ценел квалитетите на Елмас, и рекол дека младиот Елиф е токму тоа што ѝ треба на Бенфика, бидејќи може да покрие неколку позиции во средниот ред. Елмас сезонава нема голема минутажа во Наполи, и доколку побара да биде позајмен или продаден, можно е да се пресели во Португалија.