Челзи со минимални 1-0 си замина од стадионот на Тотенхем и му го нанесе третиот последователен пораз на составот на Жозе Мурињо во Премиер лигата.
Сините се радуваа по четврти пат во последните пет меѓусебни дуели против лутиот ривал кои се одиграа во лигашки рамки, односно Специјалниот уште не знае што значи да се освојат три бода против својот некогашен тим.
Гостите статистички доминираа, меѓутоа од игра не креираа шанса со која би го нашле патот до мрежата на Љорис, па Жоржињо мораше да биде прецизен од белата точка. Дајер го фаулираше Вернер во казнената зона, по што судијата Маринер мораше да додели најстрога казна во корист на Челзи.
Жоржињо сезонава двапати промаши пенал во дербијата против Ливерпул и Арсенал, а сега откако ја смени рутината за изведување беше успешен во 24-тата минута против францускиот голман.
https://streamable.com/lz47n1
По овој триумф Челзи се издигна до шестата позиција на табелата со 36 бода, додека по шестиот овосезонски пораз Тотенхем падна на осмата позиција со 33 бода.