Италијанскиот репрезентативец Жоржињо со гол пенал во 67. минута израмни на дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед и се извади за големиот кикс што го направи во 50. минута.
Жоржињо со невиден кикс му дозволи на Џејдон Санчо да му донесе предност на гостинот, но имаше и среќа да биде досуден пенал за Челзи само 17 минути подоцна.
Успеа рутински да го совлада Давид Де Хеа и да ја врати неизвесноста на дербито во Премиерлигата.