Жота: „Изјавата на Роналдо ме охрабри“

Португалскиот напаѓач Диого Жота постигна два погодока во победата на Ливерпул над Лидс јунајтед од 6-1. Тоа беа први голови за Жота по пауза од една година.

„Зборовите на Кристијано Роналдо ме охрабрија. Ми рече головите се како кечапот, кога ќе падне првата капка, веќе нема застанување“, изјави Жота за англиските медиуми.

Кристијано Роналдо е инспирација и мотивација и за неговите соиграчи од репрезентацијата, а за тоа доказ е и изјавата на Диого Жота.

„Реченицата на Роналдо со години ми е во глава. Фудбалот е непредвидлив и затоа го сакаме. Работите можат многу брзо да се променат“.

- Оглас -

Најнови вести