Жозе го сакаше во Тотенхем, го доби во Рома

Андреа Белоти наскоро ќе биде промовиран во нов фудбалер на Рома. Некогаш големата надеж на италијанскиот фудбал, на 28 години прави вистински исчекор во кариерата, откако поголемиот дел го помина во Торино.

Италијанскиот голгетер се согласи на тригодишен договор според кој ќе заработува 2,8 милиони евра по сезона, а доаѓа како слободен играч. Жозе Мурињо го посакуваше Белоти во своите редови уште кога го предводеше Тотенхем, но сега во Вечниот град кочено ќе се случи таа соработка.

За Торино запиша 251 настап со учинок од 113 гола и 28 асистенции, а Белоти ќе биде петто засилување по Дибала, Матиќ, Челик и Свилар.

- Оглас -

Најнови вести