37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Жозе избегна да одговори дали ќе навива за Реал или Челзи во реваншот

Жозе Мурињо на доста џентлменски начин одговори на непријатното прашање околу реваншот меѓу Челзи и Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Специјалниот беше тренер и на Кралевите, а и на Сините во два наврати, така што не може да одбере страна за која ќе навива.

„Имам професионален однос кон сè што е во врска со фудбалот, така што реваншот ќе го проследам од неутрален аспект. Ќе ми биде мило било која екипа да се пласира во финалето“, вели Мурињо.

Сините се во подобра позиција со издвоеното реми од 1-1 во првата пресметка, меѓутоа искуството е на страната на Реал, а тоа ветува дека во среда во Лондон ќе се гледа фантастичен дуел.

- Оглас -

Најнови вести