Жозе ќе го стресе инфаркт: Кејн ќе го пропушти осминафиналето во ЛШ?

Хари Кејн се здоби со повреда на задниот дел на бутниот мускул во вчерашниот пораз на Тотенхем на гости кај Саутхемптон. Капитенот на Петлите се соочува со подолга пауза која може да стигне до шест недели, а ако прогнозите се точни, тогаш Англичанецот може да го пропушти осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тотенхем во февруари ќе ги одмери силите со Лајпциг во двомеч, а се верува дека Кејн нема шанси да биде подготвен за првиот меч, додека Мурињо се надева дека ќе може да смета на својот голгетер во реваншот.

Во меѓувреме, Кејн ќе ги пропушти дерби-натпреварите во Премиер лигата против Ливерпул (11 јануари) и Манчестер сити (2 февруари), што е голем проблем за португалскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести