Жозе конечно прозборе: Манчестер ј. има иднина без мене и јас имам иднина без Манчестeр ј.

Жозе Мурињо сепак реши да даде коментар по отказот кој го доби од Манчестер јунајтед. Португалецот беше многу умерен во изјавата, велејќи дека Манчестер јунајтед за него веќе е минато.

„Манчестер јунајтед има иднина без мене и јас имам иднина без Манчестeр јунајтед. Тогаш зошто да ви зборувам за моите чувства? Зошто би зборувал за тоа пред медиумите и пред навивачите? Крај. Заврши тоа. Манчестер за мене е минато. Секогаш сум бил критичен кон оние тренери кои откако ќе бидат избркани, решаваат да зборуваат за тоа кој е виновен. Јас не сум таков човек. Кога доаѓа крајот, сакам да биде како што се случи вчера. Едноставно играта заврши“, рече Мурињо како прва реакција по неговото заминување од најтрофејниот англиски клуб.

- Оглас -

Најнови вести