Лидс jунајтед се врати во англиската Премиер лига, следната сезона ќе биде дел од елитата, а и покрај големиот успех под раководство на менаџерот Даниел Фарке, шпекулациите за иднината на овој стручак траат без прекин.
Различни извори објавија дека управата на клубот не е импресионирана од статистиката на Фарке во Премиер лигата и размислува да го замени. Сепак, од клубот се децидни дека тоа ќе се случи само доколку се најде идеалната замена за Фарке.
Се зборува дека еден од потенцијалните кандидати за Лидс е реномираниот португалски стручњак Жозе Мурињо. Специјалниот го води турскиот Фенербахче, но воопшто не е задоволен од ситуацијата во турскиот фудбал и со задоволство би се нафатил на нов предизвик.
Португалецот неодамна даде интересна изјава, која само дополнително ги интензивира шпекулациите за можни преговори со Лидс.
„Најдоброто нешто што треба да го направам кога ќе го напуштам Фенербахче е да одам во клуб кој не учествува во натпреварувањата на УЕФА. Ако зборуваме за клуб од дното на Премиер лигата кому му треба тренер во следните две години, тогаш сум подготвен да одам“, рече Мурињо.