10.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Жозе Мурињо со сериозно предупредување пред дуелот против Реал Мадрид

Пред неполни 20 дена Бенфика одигра меч за паметење во Лигата на шампионите. Португалскиот гигант со 4:2 славеше над Реал Мадрид и обезбеди место во плејофот. Интересно е дека ждрепката посака Бенфика и Реал Мадрид повторно да играат, и тоа во плејофот од ЛШ, па утре во Лисабон ќе се игра првиот дуел од двомечот на некогашните европски прваци.

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, предупреди дека Реал Мадрид е многу опасен, посебно по еден таков пораз како што го доживеаа во Лисабон неодамна.

„Тие се ранети, а ранетиот Крал е најопасен. Мора првиот меч да го одиграме паметно, амбициозно и со самодоверба. Знаеме како треба да играме против Кралевите“, рече Мурињо.

Интересно е дека на мечот одигран минатиот месец, голманот на Бенфика, Анотилиј Турбин, даде гол во последните моменти за 4:2. „Сигурно е дека Турбин сега нема да оди во напад. Луѓето често мислат дека во првиот дуел мора да се направи некаков резултат од една или друга причина. Јас велам дека нема резултат кој дава гаранција“, рече Мурињо во исчекување на утрешниот дуел против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести