Жозе планира два напади во Торино: По три бода и фудбалер на Јуве

Во сабота Рома гостува во Торино каде што против Јувентус ќе го одигра првото големо дерби за оваа сезона во Серија А. Волчицата на Жозе Мурињо тргна со две минимални победи и сега ѝ претстои тешка битка против несигурниот Јувентус.

Планот е да се прекине двегодишниот пост без триумф на „Алијанц арената“, но Мурињо во меѓувреме планира и напад по потписот на Денис Закарија. Токму 25-годишниот играч за врска би можело да биде замена за тешко повредениот Вајналдум, за кого сезоната заврши по скршеницата на ногата.

Закарија не е играч во кого Алегри има доверба, ситуација која Рома сигурно ќе ја искористи до крајот на преодниот рок. Се верува дека ангажманот ќе биде привремен, односно едногодишна позајмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести