16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Жозе во анализата за европскиот првак ја искритикува ѕвездата на Јунајтед

Жозе Мурињо го искритикува Бруно Фернандеш за настапите за Португалија досега на Европското првенство, во кои ѕвездата на Манчестер јунајтед делуваше како дух на теренот, како што вели тој.

Бранителот на титулата вечерва (21 часот) ќе ги одмери силите со светскиот првак Франција во дербито од последниот ден од групната фаза, во кое Португалците треба да обезбедат пласман во осминафиналето. Жозе вели дека потребно е Фернандеш да се разбуди за актуелниот европски првак да стигне до посакуваниот резултат против Триколорите.

„Кога Португалија игра на највисоко ниво, може да победи која било друга репрезентација. Но, потребно е сите 11-мина играчи кои се на теренот во моментот, да придонесат за добар резултат. Селекторот Сантос ужива со одличниот напад предводен од Роналдо, Бернардо Силва и Жота, но потребна им е креацијата од Фернандес. Бруно беше како дух во претходните два меча, мора да се разбуди бидејќи сите знаеме каков квалитет поседува, од одлични додавања до изведување на прекини“, истакна Мурињо.

Фернандес беше играч на сезоната во Манчестер јунајтед со 28 погодоци и 17 асистенции во сите натпреварувања, но на ова ЕП уште нема свој придонес.

- Оглас -

Најнови вести