Португалецот Бебе постигна еврогол за Рајо Валјекано, со кој го најави пресвртот на мадриѓани против Сарагоса за многу важна победа од 3:2 во битката за пласман во Ла Лига.
Слободниот удар беше прекрасно изведен во 41. минута, а од еден агол што го фатија камерите може да се види погодокот и од перспективата на нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кој брани за Рајо Валјекано.
Rayo Vallecano [1] – 2 Zaragoza – Bebé (41′) – Great goal! from soccer
По лошиот старт на мечот и негативата од 0:2, Бебе со евроголот од слободен удар намали на 1:2 во првото полувреме, а потоа домаќините постигнаа уште два гола во вториот дел за победа од 3:2 и пробив на шестата позиција во популарната Сегунда.
Токму тоа е последното место што води во бараж за пласман во Ла Лига, а само една екипа што ќе настапи во доигрувањето ќе има билет за пласман во најсилната шпанска лига, заедно со двете првопласирани екипи, кои ќе патуваат директно во Ла Лига.