Една од најголемите фудбалски легенди на францускиот фудбал, Зинедин Зидан, нема да присуствува на финалето на Мундијалот во Катар, иако доби покана од федерацијата.
Единствениот тренер кој има три титули по ред во Лигата на шампионите, е лут, разочаран, и изневерен од француската фудбалска федерација, и затоа ја одби поканата да оди во Доха.
Зидан ги одбиваше сите богати клупски понуди за тренер, бидејќи чекаше после СП во Катар, тој да седне на селекторското столче. Но, иако му било ветувано тоа, Дидие Дешан ќе остане селектор, без разлика на исходот од финалето.