1.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Зидан е на готовс да помогне ако Чаби Алонсо добие отказ од Реал

Реал Мадрид влезе во резултатска криза, го загуби и лидерското место во Ла Лига, а тоа секогаш го пали алармот на „Бернабеу“. Чаби Алонсо е под притисок и доколку продолжат лошите резултати, можно е да добие отказ иако не помина ниту половина од сезоната.

Флорентино Перес не трпи неуспеси и сигурно дека Чаби Алонсо ќе мора експресно да го врати тимот на победнички патеки. Тој има проблеми и во односот со неколкумина фудбалери во Кралскиот клуб, па ситуацијата не му е најдобра.

Во Реал веќе имаат подготвено решение ако Чаби Алонсо треба да ја напушти тренерската клупа. Тогаш Флорентино Перес би го замолил Зинедин Зидан да се врати и да помогне до крајот на сезоната. Потоа веројатно би следувала и друга одлука бидејќи Зизу чека да се испразни селекторското столче на Франција по завршувањето на СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести