Зидан е новата тренерска желба на Манчестер јунајтед, а тој има два услова за да дојде на „Олд Трафорд“

Прашање на време е кога Ерик тен Хаг ќе биде отпуштен од менаџерската позиција во Манчестер јунајтед. Томас Тухел беше главен кандидат за негов наследник, но овој план пропадна со оглед дека тој ќе стане но селектор на Англија.

Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, веднаш реагирал и започнал потрага по нов тренер. Според англиските медиуми, тој сега се фокусирал на Зинедин Зидан, легендарниот француски ас, кој е без работа откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година.


Зидан има два клучни барања за да го преземе Манчестер јунајтед. Прво, да ја подобри неговата комуникација на англиски јазик за што му е потребно уште малку време, и второ, да добие гаранции дека ќе може да доведе играчи по свој избор.

Манчестер јунајтед, кој долго време не е на нивото кое се очекува од клуб со таква историја, очајно бара начин да се врати на врвот, и Зидан би можел да биде човекот кој ќе го направи тој чекор, доколку неговите услови бидат прифатени.

- Оглас -

Најнови вести