Зидан еднаш има стигнато 12 бода негатива зад Барселона, може ли пак?

Зинедин Зидан денеска се враќа на клупата на Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ против Селта Виго. Сите навивачи на Кралскиот клуб очекуваат Реал повторно да блесне, но сепак ќе биде тешко да се мотивираат играчите во последните 11 кола од Примера, бидејќи трката за титулата е речиси завршена.

Реал заостанува 12 бодови зад Барселона, но најголемите оптимисти веруваат дека уште ништо не е завршено, посебно сега со враќањето на Зидан. Тие ја спомнуваат првата сезона по доаѓањето на Зидан на клупата. Тогаш Зидан дојде на местото на Рафаел Бенитез, а Реал имаше 12 бодови заостанување зад Барселона, исто како што е сегашната ситуација.

Во таа сезона, по доаѓањето на Зидан, Реал успеа да дојде на еден бод заостанување и во последното коло се решаваше титулата. Сепак, Барселона успеа да ја сочува предноста, откако славеше на гости кај Атлетико Мадрид, а Реал заврши на второто место.

Сега ситуацијата е малку полоша за Зидан, бидејќи има помалку мечеви да се играат до крајот од пред три сезони. Сепак, доброто за Реал е тоа што Кралевите играат само во Примера, додека Барселона е на три фронта. Освен во првенството, каталонскиот гигант е во финалето на Купот на Шпанија, како и во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести