Зидан: Едвај чекам да заврши преодниот рок

Фудбалерите на Реал Мадрид викендов за првпат ќе истрчаат пред домашните навивачи. На „Сантијаго Бернабеу“ го пречекуваат тимот на Валјадолид во рамките од второто коло во Ла Лига. Во пресрет на тој дуел, тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан, на прес-конференцијата зборуваше за актуелните случувања во клубот, но се обиде да избегне какви било прашања околу евентуални трансфери.

„Единствено што ме интересира е утрешниот дуел. Не дојдов тука да зборуваме кој ќе си замине или, пак, кој ќе дојде во клубот. Многу работи може да се случат до крајот на преодниот рок, а ќе се зборува за тоа кога ќе дојде време. Затоа сега не ми се зборува за тоа и едвај чекам да дојде 2 септемрви. Да заврши овој период бидејќи за ништо друго не се зборува. Доста е веќе…“ , истакна Зидан.

Како што е познато, Реал е во „војна“ со Барселона околу потписот на Нејмар, па нормално е сите да ги интересира дали има некоја нова информација околу таа трансфер-сага. Но, таа тема Зидан ја затвори, барем засега.

- Оглас -

Најнови вести