Со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, ѕвездите кои до скоро време во главно ја грееја клупата на кралскиот клуб, повторно се најдоа во почетната постава.
Во дуелот од 28-то коло во Ла Лига против Селта Виго, Зидан се одлучи за Кејлор Навас како прв избор меѓу диреците, Марсело се врати на стандардната позиција лев бек, додека од прва минута ќе играат и Иско и Бејл.
Официјален состав против Селта: Навас, Одриозола, Варан, Рамос, Марсело, Крос, Модриќ, Иско, Асенсио, Бејл, Бензема.
Зидан се реши за проверени играчи кои ги познава од претходно. Му дава шанса на Навас кој не заслужува цело време да грее клупа и на Куртоа му испраќа порака дека не е недопирлив. Реал игра дома и ќе напаѓа, па Марсело е логично решение пред младиот Регилон кој е подобар дефанзивец. Иско веројатно немаше да биде стартер ако не беа суспендирани односно повредени Касемиро и Љоренте, а и кај крилата Бејл кој не е омилен кај Зидан, мора да игра, бидејќи повредени се Винисиус и Лукас Васкес. Ако и на следните мечеви Зидан тргне со истите 11 како денеска, тоа веќе ќе биде сигурен знак дека носи револуција во тимот.