Зидан го одбра најдобриот состав и го налути Кристијано

Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо заедно го предводеа Реал Мадрид до три титули во Лигата на шампиони. Зидан како предводник од клупата, а Роналдо како најдобар играч на теренот во дресот на Реал. Двајцата си заминаа летоска, а Реал без нив игра многу послабо, посебно во првенството на Шпанија.

Францускиот стратег сега реши да состави тим од најдобрите играчи според него. Неможејќи да се одлучи за тоа кои се најдобри 11, популарниот Зизу реши на некои од позициите да стави по двајца или тројца играчи. Вкупно, неговиот идеален тим се состои од 17 играчи, а изненадувачки е тоа што во него не се најде место за Кристијано Роналдо.

Зидан реши во нападот да му даде предност на Лионел Меси и тоа без никакви дилеми. Покрај Меси, во офанзивниот ред има место и за Нејмар и Бразилецот Роналдо да Лима. Меѓу најдобрите играчи според Зидан повеќе играчи има што биле дел од Барселона, отколку тие што го носеле дресот на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести