31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Зидан го отпиша Азар

Еден Азар нема да настапи за Реал Мадрид на натпреварите од Суперкупот на Шпанијa кои се играат следната недела во Саудиска Арабија. Утре Реал има тешко гостување кај Хетафе, а потоа следува полуфинале од Суперкупот против Валенсија.

„Азар сигурно нема да игра на Суперкупот. Очекувам полека да почне да се враќа веднаш после тоа“, изјави тренерот Зинедин Зидан на денешната прес-конференција.

Белгиецот се повреди на мечот со ПСЖ кон крајот на ноември и повеќе од еден месец е во аут, но ќе му требаат уште десетина дена за целосно закрепнување.

Реал Мадрид во последните неколку сезони не успева да победи на првиот натпревар во годината, Зидан не знае зошто е тоа така, но верува дека екипата е мотивирана и ќе го победи Хетафе. На прашањето дали ќе биде неуспех ако тимот не освои трофеј во 2020 година, Зидан одговори: „Не е катастрофа да не се освои трофеј, катастрофа е ако не се обидете да освоите“.

- Оглас -

Најнови вести