Зидан го пикира „бисерот“ на Граѓаните

Расте списокот желби на Зинедин Зидан за следните неколку трансфер периоди. Францускиот стратег секако планира да го засили тимот во зимскиот преоден рок, но исто така има план да направи промени на неколку позиции во текот на летото, меѓу кои и средниот ред.

Како прв пик на Зидан се појави името на Фил Фоден. Младата англиска ѕвезда на Манчестер сити ги поседува сите квалитети да биде нов „галактико“, а шпанските медиуми пренесуваат дека Кралевите подготвуваат понуда од 80 милиони евра за да го добијат потписот на Фоден.

Секако, Реал прво треба да се ослободи од Хамес Родригес, кој не игра од октомври и повторно се најде на трансфер листата. Неговата кариера на „Сантијаго Бернабеу“ најверојатно заврши, а Перес би го продал и за 55 милиони евра. Доколку успеат во тоа, Кралевите ќе ги искористат тие средства за да го финансираат ангажманот на младиот англиски репрезентативец.

Фоден инаку во изминатиов период е незадоволен од минутажата која ја добива. Гвардиола ретко го користи поради големата конкуренција на негова позиција, по што играчот за врска почна да размислува за трансфер. Фоден одигра вкупно 450 минути поделени во 14 средби, на кои запиша два гола и исто толку асистенции, но за играч од 19 години тоа не е доволно во период кога треба да игра често и да се усовршува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести