Зидан го пофали Бејл, но рече дека ситуацијата е иста

Герет Бејл беше творец на пресвртот на Реал Мадрид во дуелот против Арсенал. Англискиот тим водеше со 2:0 на полувреме, кога во вториот дел влезе Бејл и даде гол за 1:2, а потоа Реал стигна и до 2:2, па се изведуваа пенали во кои поуспешен беше Кралскиот клуб.

Бејл во игра влезе на местото на стомилионското засилување Еден Азар, кој некако уште како да не е навикнат на новиот тим и не одигра ништо посебно во првиот дел. Бејл одигра добар меч, а тоа по средбата го призна и тренерот Зинедин Зидан, кој сепак останува на ставот дека Велшанецот треба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

„Бејл одигра добар меч и сум задоволен од него. Сепак, ситуацијата и моето мислење не се многу сменети. Тој сакаше да биде дел од тимот, добро работеше во изминативе неколку денови и тоа го покажа на теренот. Решив да му дадам шанса да игра едно полувреме. Ќе видиме што ќе се случи. Засега тој е дел од Реал Мадрид“, рече Зидан по мечот со Арсенал.

Интерено е дека Французинот даде сосема поинаква изјава по дуелот со Баерн Минхен, кога рече дека е најдобро за сите Бејл уште тој ден да си замине од клубот.

- Оглас -

Најнови вести