Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не сака во тимот да го има и Нејмар, додека претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес најави дека уште постои можност Бразилецот да се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Перес би сакал да го води Нејмар како играч на Реал, бидејќи знае дека на тој начин клубот ќе заработи уште многу пари од неговата популарност. Сепак, кога се работи за тактиката и играта, Зидан верува дека фудбалер како Нејмар не му е потребен, најмногу поради неговиот карактер.
Зидан кога реши да се врати во Реал еден од главните услови му беше тоа да го има последниот збор околу трансферите и тоа кои играчи ќе му бидат потребни во екипата, што значи дека Перес џабе се надева дека може да го доведе Нејмар во Мадрид.