Зидан и Погба во следната сезона конечно ќе бидат заедно, но не во Реал?

Зинедин Зидан конечно ќе добие шанса да го тренира Пол Погба, кого го бараше и летоска во Реал Мадрид, но Французите нема да бидат заедно во Реал, туку во Јувентус. Ваква шпекулација се појави и пред извесен период, а сега италијанските медиуми повторно ја актуелизираат, со додавање нови моменти.

Јавна тајна е дека во Јуве не се пресреќни од тоа како работи тренерот Маурицио Сари и ако тимот киксира во Серија А, или особено во Лигата на шампионите, Сари ќе биде сменет. Зидан во Реал е прилично безбеден, но ако тимот не освои никаков трофеј, нема да биде изненадување ако клубот го разреши Зидан. Се зборува дека веќе е најдена замена, тоа е Маурисио Покетино, кој по заминувањето од Тотенхем ги одбива сите понуди чекајќи го Кралскиот клуб од Мадрид.

Реал е пред елиминација од ЛШ, испадна од Купот, му останува само првенството. Ако не ја освои титулата и во лигата, нема зошто Зидан да остане на клупата. Погба сака да си оди од Јунајтед, поради повредите повеќе е надвор од терените отколку што игра, па ако клубот ја спушти високата цена која ја бара за него, Јуве сигурно ќе испрати понуда со цел да го врати во своите редови.

Реал крена раце од ангажирање на Погба, но не и Зидан. Ако Зизу се врати во Јуве, сè е можно.

- Оглас -

Најнови вести