Зидан и Симеоне избрани за најзгодни тренери во Ла Лига

Зинедин Зидан и Диего Симеоне ја предводат листата на најсекси тренери во Ла Лига, според анкета направена од веб-страницата за еротика „JOYclub“.

Моментално најуспешните стратези во шпанското првенство по бројот на домашни и меѓународни титули доминираа во анкетата, а на врвот е Зидан со 34% од гласовите. Симеоне е втор со 24 отсто, а зад тренерите на мадридските ривали е Оскар Гарсија, тренерот на Селта Виго.

Во топ-8 се уште Грасија на Валенсија, Емери (Вилјареал), Гаритано (Атлетик Б.), Пелегрини (Бетис) и Лопетеги (Севилја).

- Оглас -

Најнови вести