Зидан има 47 години, но покажа дека класата е вечна (Видео)

Зинедин Зидан во 2006 година ја заврши играчката кариера. Французинот ги освои сите најзначајни трофеи, имаше маестрални потези, а посебно се памти неговиот погодок во финалето во Лигата на шампиони против Баер Леверкузен за победа од 2:1.

Популарниот Зизу сега има 47 години и е тренер на Реал Мадрид. Дека се наоѓа во одлична форма, потврди и на еден пријателски футсал меч против девојчиња. Иако играше против ривали од понежниот пол, Зидан реши да покаже една од своите многу магични потези кои успевали додека бил на теренот.

https://streamable.com/vqqls

 

- Оглас -

Најнови вести