Зидан има повеќе титули во ЛШ, но вчера мораше да го слуша Гвардиола (Видео)

Зинедин Зидан за првпат е елиминиран како тренер на клуб во Лигата на шампионите и по испаѓањето во осминафиналето на Реал Мадрид од Манчестер сити мораше да го слуша големиот ривал, но и пријател, Пеп Гвардиола.

Двете големи легенди на фудбалската игра, останаа на теренот на „Етихад“ за да си помуабетат, а секако порасположен беше Гвардиола, иако тој има една титула во ЛШ помалку од Зидан.

https://twitter.com/marca/status/1291847588132671493?s=20

Зидан има еден пехар во луксузното натпреварување како играч, а го освои со Реал Мадрид и дури три како тренер на истиот тим, што ги освои во серија од 2016 до 2018 година, кога се повлече како непоразен кормилар во нокаут двомеч, или финале во Лигата на шампионите.

Синоќа конечно се најде јунак што го исфрли од игра, а токму Гвардиола беше подобар во меѓусебната пресметка на двајца одлични стратези и ќе патува со Манчестер сити во Португалија на четвртфинален мегдан со Лион.
Гвардиола има еден пехар од ЛШ помалку од Зидан, а трите, една како играч и две како тренер ги освои со Барселона.

Сега ќе се обиде да се израмни со популарниот Зизу, а прва пречка на „Жозе Алвеладе“ во Лисабон ќе им биде Лион на 15.август.

 

 

- Оглас -

Најнови вести