Зидан има преживеано пекол на клупата во Бергамо (Видео)

Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид нема ниту еден пораз на гостувањата во Италија и тоа внесува оптимизам во редовите на Реал, кој драстично ослабен и некомплетен ќе игра вечерва против Аталанта во Лигата на шампионите, а популарниот Зизу веројатно е најсреќен што нема да има публика на трибините.

Во мај 1998 година, на три дена пред финалето на ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, Зидан беше играч на Јуве и беше на клупата на гостувањето кај Аталанта, на која ѝ требаа бодови во борбата за опстанок.

Средбата заврши 1-1, а ја одбележаа големи инциденти кои ги предизвикаа фановите на домашниот тим уште пред почетокот, откако дознаа дека Пјаченца го победила Лече и со тоа Аталанта се најде во втора лига. На 15 минути до крајот, на теренот беа фрлани секакви предмети и пиротехнички средства, имаше тепачки со полицијата, која се обидуваше да го запре влегувањето на навивачите на теренот, па судијата го прекина мечот.

По 20 минути, средбата продолжи, а полицијата ги обезбедуваше клупата на Јуве и голот на Анџело Перуци. Вечерва Зидан повторно ќе биде на гостинската клупа во Бергамо, овојпат во улога на тренер и сигурно ќе му биде многу побезбедно отколку пред 23 години.

- Оглас -

Најнови вести