Зидан има само уште една желба за ова лето, а тоа не е Нејмар

Реал Мадрид не ги помина добро подготовките, што е знак дека нешто не е како што треба во редовите на Кралскиот клуб. Екипата прими рекордни 16 гола во 5 меча, најмногу во последните 39 години, за подготвителен период. Посебно срамен беше поразот со 7:3 од градскиот ривал Атлетико Мадрид.

По поразот од Атлетико, тренерот на Реал, Зинедин Зидан најави дека екипата ќе изгледа многу подобро, но потребно е уште некое засилување. Зидан уште верува дека на „Сантијаго Бернабеу“ може да пристигне Пол Погба. Французинот потенцира дека му е потребен стабилен играч во средниот ред, а Погба би било вистинското решение.

Иако се шпекулира дека Реал ќе го брка потписот и на Нејмар, угледниот весник „Марка“ тврди дека Зидан јасно му потенцирал на претседателот на Реал, Флорентино Перес, дека до крајот на летниот преоден рок, фокусот треба да биде ставен на купување на Погба.

Манчестер јунајтед веќе одби неколку понуди на Реал. Последниот обид на Кралевите беше да дадат 27 милиони фунти и Џејмс Родригес за да го купат Погба од Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести