Зидан изостави една голема ѕвезда за утрешниот меч против Хетафе

Реал Мадрид е во пол-позиција за освојување на титулата во Примера дивисион и Кралскиот клуб самиот си одлучува. Во рамките од 33-тото коло, најтрофејниот клуб е домаќин на градскиот ривал Хетафе. Реал е голем фаворит за победа, а со евентуални нови три бода, ќе биде на четири бода пред вечниот ривал Барселона.

За дуелот против Хетафе, тренерот Зинедин Зидан реши да го изостави Еден Азар. Белгискиот репрезентативец, кој е една од најголемите ѕвезди во тимот, не е дел од составот кој утре ќе конкурира за настап. Азар подолго време беше повреден, но успешно се врати. Иако делува подготвено, Зидан реши дека Азар не може да го издржи пеколниот ритам и играње на секои три дена, па едноставно реши да го одмори офанзивецот.

Според весникот „Марка“, Азар не бил многу задоволен од оваа одлука на Зидан, но доколку Реал утре победи, сигурно никој нема да му замери на Французинот за овој потег.

 

- Оглас -

Најнови вести