Зидан ја коментираше кризата во која се најде Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не сакаше многу да коментира многу за кризата во која се најде најголемиот ривал Барселона. Спортскиот директор Ерик Абидал најави дека е незадоволен бидејќи дел од играчите на Барселона не се залагале максимално, а потоа веднаш реферираше капитенот Лионел Меси, кој изјави дека Абидал треба со име и презиме да ги каже имињата на фудбалерите од кои не се задоволни челниците на клубот.

За последните случувања во каталонскиот гигант беше запрашан и Зидан, а францускиот стратег имаше џентлменски одговор.

„Не сакам да зборувам за други екипи. Нормално е Барселона да се бори за трофеите во сите натпреварувања во кои игра сезонава. Сепак, ние не мислиме на нив. Фокусирани сме на нашата цел. Уште немаме освоено ниту еден трофеј, но очекувам да се радуваме. Силните екипи секогаш ќе бидат силни“, рече Зидан пред утречниот меч од четвртфиналето против Реал Сосиедад во Купот на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести