Зидан ја „мерка“ клупата на Јуве

Не Жозе Мурињо, туку Масимилијано Алегри треба да се плаши за својата иднина како тренер на тимот кој го води во моментов, бидејќи Зинедин Зидан, по заминувањето од Реал Мадрид, со кого освои две европски титули по ред, не ја сонува клупата на Манчестер јунајтед, туку на Јуве.

За Зидан се пишуваше дека е главен фаворит за наследник на Мурињо во Јунајтед, па го ставаа во редот на главни кандидати за селектор на Катар, кој е домаќин на СП 2022, а всушност, желбата на Зизу е да го води Јувентус. Зидан играше за Јуве од 1996 до 2001 година, а потоа за трансфер кој во тој момент беше светски рекорд, премина во Реал, каде штп остана до крајот на играчката кариера.

Според „Паризиен“, славниот Зидан имал две големи желби во тренерската работа, да ги води Реал и Јувентус. Првата желба веќе му се исполни, на ред е втората. Но, во Јувентус засега не размислуваат да го сменат Алегри. Сепак, довербата во него може да биде загубена ако тимот не го постигне посакуваниот резултат во Лигата на шампионите.

Главна цел на „старата дама“ е титула во ЛШ, затоа беше донесен и првиот стрелец во историјата на ова натпреварување, Кристијано Роналдо, па ако Алегри не успее, следното лето Зидан би можел да седне на клупата на клубот од Торино.

- Оглас -

Најнови вести