Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја изгреба службената кола од марката Ауди која им ја дава спонзорот, а инцидентот се случил во близина на тренинг центарот Валдебебас во Мадрид. Одејќи на тренинг, Зизју на еден кружен тек неколку места го изгреба автомобилот, но причинета е мала материјална штета.
Зидан и човекот со кој се судрија не чекаа полиција, си разменија податоци, а потоа Французинот продолжи кон Валдебебас, каде одржа и прес-конференција.
Денеска Реал гостува кај Осасуна, традиционално тешко гостување за големите тимови, па затоа Зидан не сакаше да ризикува со Еден Азар, кого не го стави во листата на кандидати и ќе го чува за некој полесен меч, веројатно во следното коло дома против Селта. Од друга страна, Герет Бејл е на списокот и можно е Велшанецот да се појави уште од првата минута.