Зидан ќе биде тренер на ПСЖ во следната сезона

Новинарот на радиото „Монте Карло спорт“, Даниел Риоло, кој прв го откри трансферот на Лионел Меси во Пари Сен Жермен, сега соопшти дека нов тренер на ПСЖ од следната сезона ќе биде Зинедин Зидан.

Маурисио Покетино ќе биде сменет во јуни, аргентинскиот стручњак е заинтересиран за тренерското место во Манчестер јунајтед, а на негово место ќе дојде славниот француски фудбалер и тренер. Мала пречка за Зизу била што негов омилен клуб во Франција е Олимпик од родниот Марсеј, клуб кој е лут ривал на париските Светци.

Риоло вели дека Зидан ќе седне на клупата на ПСЖ, без разлика дали тимот ќе ја освои Лигата на шампионите со Покетино, и без разлика дали Килијан Мбапе ќе остане или ќе си замине во Реал Мадрид. Во Реал се плашат дека Зизу би можел да им ги помрси сметките околу трансферот на Мбапе, па ќе треба да го ангажираат напаѓачот пред Зидан да го преземе парискиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести