Реал Мадрид се очекува да биде главниот клуб за купување во летниот преоден рок. Шпанскиот гигант има сезона за заборавање, а за враќање на старите победнички патеки, беше вратен и тренерот Зинедин Зидан. Французинот си замина од екипата на крајот од минатата сезона, но по 10 месеци повторно сега се врати на чело на екипата.
Како еден од главните услови за повторно да биде тренер на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“, Зидан поставил неколку услови, меѓу кои најважно е тоа дека побарал да му се направи тим со шампионски амбиции. Според францускиот „Л’Екип“, Зидан ќе добие 500 милиони евра за трошење и доведување нови играчи.
Главната цел е да се создаде нов „Галактико“ тим на Реал Мадрид. Три големи имиња се споменуваат како можни засилувања на „Сантијаго Бернабеу“. Еден Азар од Челзи, Килјан Мбапе од ПСЖ и Пол Погба од Манчестер јунајтед се први на листата. Меѓу посакуваните фудбалери се и Садио Мане од Ливерпул и Миралем Пјаниќ од Јувентус.
Останува да почне летниот преоден рок и да видиме колку од овие желби може да станат реалност за Реал Мадрид.