Зидан: Ќе се бориме до смрт

Зинедин Зидан како играч еднаш се радуваше на титулата во Лигата на шампионите, а како тренер дури трипати беше на тронот на Европа. Во сите четири случаи тоа го направи со тимот на Реал Мадрид. Еден од најдобрите фудбалери во своето време, а сега и врвен тренер верува дека може да игра ново финале во елитното европско натпреварување.

Реал мора да брка да постигне гол во Лондон против Челзи затоа што првиот меч во Мадрид заврши 1:1.

„Подготвени сме, подготвени да се бориме до смрт за пласман во финалето. Ќе биде тежок меч како што беше пред една недела. Важно е да имаме контрола на топката. Им симнувам капа на моите играчи за сè што направија оваа сезона. Заслужено сме тука. Што се однесува до Серхио Рамос, пред мечот ќе се знае дали тој ќе игра или не. Најважно е дека е тука со нас и тој е нашиот капитен“, рече Зидан.

Еден од најискусните кај Реал е Тони Крос, кој со Зидан како предводник се има радувано на три титули во ЛШ. Германецот знае дека Кралевите мора да дадат гол во Лодон и потребно е да нападнат.

„Нема дилема дека ќе бидеме максимално мотивирани и ќе дадеме сè од себе. Мора да создадеме повеќе шанси отколку на првиот меч. Верувам дека сме способни за такво нешто“, вели Крос.

 

- Оглас -

Најнови вести