Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на Пари Сен Жермен, откако денеска отпатува за Катар на финални договори со сопствениците на клубот, кој е актуелен првак на Франција.
Според светските медиуми, популарниот Зизу има понуда што не се одбива и сигурно ќе биде нов кормилар на Светците од Париз од идната сезона.
Тоа ќе значи заминување на Маурисио Покетино, а ПСЖ сака со Зидан да атакува на титулата европски првак во Лигата на шампионите.
Францускиот ас е мајстор за пехари во ЛШ и има четири, еден како играч на Реал Мадрид и уште три со истиот клуб како тренер.
Интересно е што со доаѓањето на Зизу на кормилото на ПСЖ, тимот се повеќе ќе личи токму на Реал, бидејќи покрај Зидан за Кралскиот клуб играле и Серхио Рамос, Ешраф Хакими, Анхел Ди Марија и голманот Кејлор Навас.